Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Исти како родителите: Близнаците на Анџелина Џоли и Бред Пит заедно на прошетка

Исти како родителите: Близнаците на Анџелина Џоли и Бред Пит заедно на прошетка

И покрај тоа што се трудат максимално да си ја зачуваат својата приватност, децата на Анџелина Џоли и Бред Пит честопати се мета на папараците.

Нокс и Вивиен беа фотографирани за време на нивна прошетка во Лос Анџелес. 16-годишните близнаци беа облечени во кежуал модни комбинации додека пазаруваа и поминуваа квалитетно време заедно. Многумина побрзаа да искоментираат дека тие се копии на нивните славни родители.

Нокс и Вивиен Нокс и Вивиен Нокс и Вивиен Нокс и Вивиен Нокс и Вивиен Нокс и Вивиен Нокс и Вивиен Нокс и Вивиен Нокс и Вивиен

Неодамна Нокс ја придружуваше Џоли на доделувањето на Governor's Awards, додека Вивиен беше придружба на мајка си на 77-мото доделување на наградите Tony.

Пред неколку дена, Џоли беше дел од интервју за Good Morning America, каде зборуваше за мајчинството и шесте деца кои ги има со Бред.

Нокс и Вивиен Нокс и Вивиен

„Ниту едно од моите деца не сака да биде пред камера. Тие се екстремно приватни, не беа родени со приватност, па се надевам дека ќе можат да го имаат тоа додека растат“ – рече таа.

Анџелина и Бред се вљубија на сетот на „Mr. & Mrs. Smith“ во 2005 година, а во јануари 2006 година потврдија дека го очекуваат првото заедничко дете. Тие стапија во брак во август 2014 година, а се разделија во септември 2016 година.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19828 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.