Почетна » Новости » Актуелно » Неизмерна радост: По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, Македонка стана мајка на 61-годишна возраст

Неизмерна радост: По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, Македонка стана мајка на 61-годишна возраст

„Повеќе не постојат граници во медицината“ – ова е дел од изјавата на директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска Папестиев, која ја објави веста дека жена од Македонија го роди своето прво дете на 61-годишна возраст.

Според информации од ГАК, пациентката имала 10 ин витро интервенции и 10 спонтани абортуси, пред да го добие своето мало чудо.

Бебето Петар по раѓањето тежел 2,350 килограми бил долг 48 сантиметри, а бил роден со царски рез во 36-тата гестациска недела.

Бебе

„Дека во светот на медицината не постојат повеќе граници и дека медицината во Македонија може да се мери со онаа во светски граници, говори раѓањето на бебето Петар, коешто на свет го донесе највозрасната пациентка во нашата држава. Оваа пациентка е прва којашто останала бремена со сопствена јајце-клетка, којашто била замрзната, којашто добила ин витро третман во нашата држава, целата бременост ѝ била следена во нашата држава и раѓањето е завршено на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство“ – рекла директорката.

„Оваа мајка-херој, како што ние ја нарековме, имала богато гинеколошко и акушерско минато. Пациентката имала три претходни интервенции, од коишто две се направени во Белград и една е направена исто така на нашата институција и понатаму во тек на бременост, којашто била контролирана, имала висок притисок и шеќерна болест“ – додала таа.

Бебе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19846 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.