Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Емили Ратајковски се разделува од сопругот Себастијан по 4 години брак

Емили Ратајковски се разделува од сопругот Себастијан по 4 години брак

Емили Ратајковски и Себастијан Беар-Меклард не се повеќе заедно.

31-годишниот модел се раздели со 41-годишниот актер, со кого има еден син. Наводно, причината за оваа одлука е негово неверство.

Емили Ратајковски и Себастијан Емили Ратајковски и Себастијан

Гласините за разделбата започнаа да се шират минатата недела, кога Емили беше фотографирана на прошетка без бурма на раката. Извор близок на парот подоцна ја потврди веста.

Емили Ратајковски и Себастијан Емили Ратајковски и Себастијан

„Тие се разделија неодамна. Тоа беше одлука на Ем. Ќе ѝ биде добро, таа е силна и е фокусирана на синот. Обожава да биде мајка“ – рекол изворот за People.

Претходно, извор на Page Six потврдил дека тој ја има изневерувано Емили многупати досега.

Парот стапи во брак во февруари 2018 година по само неколку недели врска. Емили објави дека е бремена во октомври 2020 година, а нивниот син Силвестер се роди во март 2021 година.

Емили Ратајковски и Себастијан Емили Ратајковски и Себастијан Емили Ратајковски и Себастијан Емили Ратајковски и Себастијан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19863 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.