Нема ни цел месец до светската премиера на „Убавицата и ѕверот“, па како што се ближи тој долго очекуван датум, филмската екипа ги мами обожавателите на дизниевите бајки со кратки видеа.
Во најновиот објавен видеозапис, кој прикажува една од почетните сцени од филмот, Ема Вотсон (Бела) пее додека се упатува во библиотека.
Претходно беше објавена уште една видео снимка во која 26-годишната актерка ги покажува своите вокални способности и го пее хитот „Something There“.
Филмот ќе започне да се прикажува во киносалите на 17 март оваа година. Ден Стивенс ќе влезе во улогата на Ѕверот, додека арогантниот Гастон ќе биде глумен од Лук Еванс.



