Ема Вотсон е најдобро облечената Британка според анкета на Glamour во која учествувале околу
20-годишната ѕвезда од филмовите Хари Потер успеа да добие повеќе гласови и од Викторија Бекам, којашто во моментов гради имиџ на дизајнерка. Зад нив останаа актерката Кира Најтли и пејачката Шерил Кол.
Кога станува збор за посилниот пол, Роберт Патинсон успеа да го добие првото место и честа да биде најдобро облечен маж во Велика Британија.
24-годишниот актер, кој стана популарен благодарение на вампирската сага Самрак, со својот стил на облекување застана пред Џерард Батлер и актерите од Хари Потер – Руперт Гринт и Даниел Редклиф.
Меѓу првите 10 најдобро облечени мажи се најдоа и Дејвид Бекам и Ед Вествик од „Gossip Girl“.
Жени | Мажи | |
1. | Ема Вотсон | Роберт Патинсон |
2. | Викторија Бекам | Џерард Батлер |
3. | Кира Најтли | Руперт Гринт |
4. | Шерил Кол | Даниел Редклиф |
5. | Сиена Милер | Дејвид Бекам |
6. | Кејт Мос | Орландо Блум |
7. | Лили Ален | Ед Вествик |
8. | Пикси Лот | JLS (бендот) |
9. | Наоми Кембел | Џад Лоу |
10. | Флоренс Велч | Еван Мекгрегор |
Табела: Топ 10 најдобро облечени Британци