Војвотката Кетрин и принцот Вилијам ја завршија својата официјална посета на Германија. На последниот ден во Хамбург, кралскиот пар заедно со своите деца ја доби честа да ја истражи внатрешноста на неколку хеликоптери, меѓу кои и моделот EC145.
Семејството изгледаше елегантно во стилски ускладени креации. Минималистичкиот фустан на шармантната војвотка доаѓа од ателјето на Емилија Викстед, додека нејзините обувки се дело на Џанвито Роси.
Принцот Џорџ се одушевуваше и возбудено во разгледуваше хеликоптерот.
Британското кралско семејство објави официјална фотографија од принцот Џорџ за неговиот четврти роденден.