Ед Ширан има радосна вест. Талентираниот пејач стана татко.
29-годишниот музичар сподели фотографија заедно со порака, во која открива дека со сопругата Шери Сиборн добија ќеркичка.
Бебенцето го добило името Лира Антарктика Сиборн Ширан.
„Само кратка порака од мене, бидејќи имам некои приватни вести кои сакам да ги споделам со вас. Изминатата седмица, со помош на прекрасниот тим за породување, Шери ја роди нашата прекрасна и здрава ќерка – Лира Антарктика Сиборн Ширан. Комплетно сме вљубени во неа. Мајката и бебето се одлично и ние сме на деветто небо. Се надеваме дека ќе можете да ја почитувате нашата приватност во овој момент“ – стои во описот на фотографијата од бебешките чорапчиња.
Ед и Шери целата бременост ја чуваа во тајност. Тие се познаваат од мали нозе и се средношколски пријатели. Се верија во 2018 година, а стапија во брак една година подоцна.