Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ед Ширан беше големиот победник на Billboard Music Awards со шест освоени награди

Ед Ширан беше големиот победник на Billboard Music Awards со шест освоени награди

Синоќа, Лас Вегас беше домаќин на доделувањето на музичките награди на Billboard. На манифестацијата, водена од Кели Кларксон, беа наградени најуспешните музичари за годината којашто измина.

Најголем победник на вечерта беше Ед Ширан, кој изби на првото место во шест категории, а беше номиниран вкупно во петнаесет. 27-годишниот пејач во отсуство беше прогласен за Најдобар изведувач, Најдобар машки изведувач, Најдобар Hot 100 изведувач и Изведувач со најпродавана песна.

Ед Ширан

Веднаш зад Ширан, по број на освоени награди, се смести Бруно Марс со победа во пет категории посветени на R&B музиката и тоа Најдобар R&B изведувач, Најдобар машки R&B изведувач, Најдобра R&B турнеја, Најдобар R&B албум за „24K Magic“ и Најдобра R&B песна за „That’s What I Like“.

Бруно Марс

Најдобра латино песна според Billboard e „Despacito“ на Луис Фонси, Деди Јенки и Џастин Бибер. За истата музичка соработка, тројцата изведувачи победија и во категориите Најдобра Top 100 песна, Најпродавана песна, Најдобра соработка и Најстримувана песна.

Луис Фонси

Тејлор Свифт беше прогласена за Најдобар женски изведувач, а во нејзини раце заврши и статуетката за Најпродаван албум.

Тејлор Свифт

Imagine Dragons беа прогласени за најдобри во категоријата Најдобра група, а нивната песна „Believer“ е Најдобра рок песна. Дрејк стана Најдобар Billboard 200 изведувач.

Кендрик Ламар доминираше во категориите посветени на рап музиката и беше прогласен за Најдобар рап изведувач, Најдобар машки рап изведувач, а албумот на Ламар, „DAMN.“ беше прогласен за Најдобар рап албум.

Целосната листа на победници можете да ја видите тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.