Џенифер Лопез присуствуваше на доделувањето на музичките награди на Billboard, кое синоќа се одржа во Лас Вегас.
48-годишната пејачка зачекори на црвениот тепих во бордо стајлинг кој вклучуваше кошула, градник и здолниште од Роберто Кавали и чизми над колена од Касадеи.
Својот стајлинг, Џеј Ло го комплетираше со накит од Yeprem.
За време на доделувањето на наградите, Лопез за првпат ја изведе својата нова песна „Dinero“.