Ева Мендес и Рајан Гослинг го чуваат нивниот приватен живот подалеку од будното око на медиумите и никогаш не ги водат нивните деца на јавни настани, но овој пат направија исклучок.
43-годишниот актер и 50-годишната актерка заедно со двете ќеркички Есмералда и Амада проследија финале во женска гимнастика на Олимписките игри во Париз.
Славното семејство беше фотографирано на трибините додека со внимание го следеше спортскиот настан.
Мендес и Гослинг се запознаа на снимањето на „The Place Beyond the Pines” во 2011 година. Нивната прва ќеркичка Есмералда се роди во 2014 година, додека Амада дојде на овој свет во 2016 година.