Ева Лонгорија непрекинато ужива во летните денови.
49-годишната актерка се релаксираше на плажа во Марбеља и ги впиваше сончевите зраци, разладувајќи се со леден пијалак.
Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ беше фотографирана од папараците со синчето Сантијаго и својот долгогодишен пријател – актерот Амори Ноласко, познат по улогата во „Prison Break“.
И претходните денови, Ева беше „уловена“ во портокалови бикини на плажа со синчето.