Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дупер се распадна, Авалон го раскина договорот со бендот

Дупер се распадна, Авалон го раскина договорот со бендот

Дупер, една од најактуелните музички групи на нашата сцена, се распадна.

Дупер

Веста ја објави Бобан Милошески од Авалон Продукција на Facebook.

Почитувани,
Поради тоа што едниот од машките членови на групата Дупер ѝ даде отказ на Мартина, со поддршка на другиот машки член, од според мене најпатетична можна причина, Авалон Продукција го раскина договорот со младите момци.
Бобан Милошески

Дупер го сочинуваа Илчо Нечовски (вокал и бас-гитара), Мартина Баракоска (тапани) и Борис Какуринов (гитара и клавир). Имаа снимено три авторски песни – „Не сум твој тип“, „Тело за на ТВ“ и „Ние сме 2“, а во февруари ја добија наградата Музичко откритие на годината на „Златна Бубамара на популарноста“.

Дупер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20833 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.