Музичкото дуо Дупер има нов музички проект. Борис Какуринов и Илчо Нечовски ја објавија песната „Кажи ми во лице“, заедно со видеозаписот.
Преку најновата песна, тие успеаја со поинаков пристап да го искажат својот автентичен музички стил со заразни мелодии и певлив текст, зад кој се крие искрена љубовна емоција. Музиката и текстот се авторско дело на Борис Какуринов и Илчо Нечовски, а за аранжманот се погрижи Борис Какуринов.
Спотот е снимен во пријатна и тивка, домашна атмосфера која ја отсликува приказната и емоцијата во песната. Погледнете го тука: