Дупер ја забавуваат македонската публика со нова музика. Актуелниот бенд ја објави новата песна „Ние сме 2“, како и спотот за истата.
Слушнете ја:
Дупер е нов бенд кој го сочинуваат Илчо Нечовски (вокал и бас-гитара) Мартина Баракоска (тапани) и Борис Какуринов (гитара и клавир).
„Не сум твој тип“ и „Тело за на ТВ“ се првите песни на младите музичари кои инстантно станаа хит.