Дуа Липа го украде целото внимание кога зачекори на црвениот тепих на Греми 2022.
26-годишната пејачка се појави со долга руса коса облечена во црна креација од Версаче со златни детали.









Винтиџ фустанот на Липа доаѓа од колекција на Версаче од пред 30 години, а потсетува на иконските креации носени од Донатела Версаче и Синди Крафорд во 1992 година.




На сцената, Дуа ѝ ја додели наградата Најдобар нов артист на Оливија Родриго.

Подоцна, славната музичарка со косовско потекло позираше и со Донатела.







