Џастин и Хејли Бибер ги насочија кон себе сите објективи на фоторепортерите додека позираа на 64-тото издание на Греми.
Славниот пар се бакнуваше и прегрнуваше на црвениот тепих.
25-годишниот модел носеше минималистички фустан од Saint Laurent, додека
Џастин доби многу критики за изгледот.
„Бибер ги носи алиштата на татко му“, „Неговиот аутфит ме насмеа, би сакал да можев да ги слушнам коментарите од другите гости за неговиот костум“, „Дали искрено се погледна во огледало пред да излезе и си рече ‘навистина изгледам убаво’“ и „Има толку многу пари и не може да си доволи облека која му прилега“ – се дел од коментарите.
Хејли неодамна беше хоспитализирана поради симптоми на мозочен удар, предизвикани поради мало згрутчување на крв во нејзиниот мозок. За среќа, нејзиното тело брзо се изборило и сега е во добра здравствена состојба.
Џастин беше номиниран во осум категории, но си замина дома со празни раце.