Дуа Липа го изненади своето момче Анвар Хадид за неговиот 22. роденден.
25-годишната пејачка му приреди голема прослава на саканиот, на која присуствуваа бројни нивни пријатели.
За оваа пригода, музичката ѕвезда носеше креација од Версаче и розова чанта.
Претходно, Липа сподели заеднички фотографии со Анвар за да му го честита роденденот на Instagram.