Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Доделувањето на почесните награди на Ед Лакман и Љупчо Константинов на отворањето на „Браќа Манаки“

Доделувањето на почесните награди на Ед Лакман и Љупчо Константинов на отворањето на „Браќа Манаки“

Битола започна да живее во духот на филмот. Со свечена церемонија синоќа беше означен почетокот на 40-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

На првиот ден, беа доделени две специјални награди.

Наградата „Златна камера 300“ за животно дело му беше доделена на светски познатиот кинематографер Ед Лакман. Статуетката му ја врачи Претседателот Стево Пендаровски.

Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки

71-годишниот кинематографер, кој неретко е нарекуван „Волшебникот со камерата“, во својот говор рече: „Односот меѓу кинематограферот и режисерот не е како брак, туку како двојка која танцува. Само прашање е дали двајцата ја слушаат истата музика. Режисерот е оној којшто ја поставува сцената и треба да ги третира кинематограферите како уште еден актер која ја дава својата најдобра изведба, но важно е дали режисерот ќе му овозможи навистина да блесне во сиот свој сјај. Ова е ретка можност за мене, многу слушав за Фестивалот и со години сакав да дојдам овде. Да се биде во друштво на толку големи имиња кои биле лауреати, од кои дел биле мои ментори, како Свен Линквист, Роби Милер… Едноставно не знам дали припаѓам овде, во тоа наследство. Во овој дел од животот добивањето на едно вакво признание се чини дека е завршница, но мене ми се чини дека покажува оти тоа е постојан процес на учење едни од други и учење преку различни искуства. Патувањето е она што е важно, а не самата дестинација. Ова што денес се случува за мене е повторна посета, на сеќавања, на стари пријатели и на создавање на нови пријателства.“

Лакман има снимено над 80 филмови. Тој има две номинации за Оскар, а е добитник на „Бафта“ награда за животно дело.

Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки

ВИДЕО

Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки

Друштвотото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) оваа година наградата Големата ѕвезда на македонскиот филм му ја додели на композиторот Љупчо Константинов.

Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки

На Константинов му беше врачена златна ѕвезда, изработена од „Божиновски часовници и накит“.

Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки

„Идејата беше да се создаде ѕвезда, но предизвикот беше како таа ѕвезда да блеска и да зрачи со уникатност. Тајната формула е во целосната рачна изработка и во нејзината неправилна геометриска форма, која има за цел ѕвездата да ја издвои од шаблонот исто онака како што ќе се издвојува и нејзиниот добитник. Ѕвездата е целосно изработена од бронза и позлатена со 24 каратно златно, блескајќи во ѕвезденото небо на сите исклучителни луѓе во македонската кинематографија. И сето тоа зачинето со многу љубов и посветеност со оглед на висината на задачата, а тоа е одбележувањето на 40 годишнината од Фестивалот Браќа Манаки’ – велат од Божиновски часовници и накит.

Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки

Наградата ја додели Игор Иванов-Изи, претседател на ДФРМ. „Македонија е мала земја, ние сме мала кинематографија и во таа смисла не смееме да направиме грешка. Досега оваа награда ја добиле Кирил Ценевски, Милчо Манчевски, Дарко Марковиќ, Сајмон Пери, Милица Стојанова и 'Вардар филм' нашата највредна филмска продукција. 35 авторски музики за филм направи Љупчо Константинов, работеше со најголемите режисери во македонскиот филм и надвор од тоа“ – изјави Иванов.

Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки

На сцената, свои говори одржаа и ирскиот режисер Џим Шеридан, кинематограферот Хозе Луис Алкаине, директорката на Фестивалот Гена Теодосиевска и Најџел Волтерс од „ИМАГО“, Меѓународната асоцијација на кинематограферите.

„Сите ние овде денеска сме собрани за да го славиме раскажувањето преку подвижните слики и да се потсетиме на денот кога Јанаки заминал во Лондон за да ја купи камерата и воопшто не претпоставувал дека алатката која ја купува ќе стане главната алатка на најголемата уметност на иднината. Битола стана Мека на сите кинематографери и како потпретседател на британското здружение на кинематографери дојдов овде да ви ги пренесам честитките и од најголемиот број на лауреати на овој фестивал во изминатите години. Правењето филмови е колаборативен потфат, а исто така и правењето ваков фестивал е колаборативен потфат“ - рече Волтерс.

Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки Доделувањето на наградите на Браќа Манаки

Фестивалот ќе трае до 21 септември.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19716 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.