Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лауреатот на Златна камера 300 за животно дело Едвард Лакман пристигна во Битола

Лауреатот на Златна камера 300 за животно дело Едвард Лакман пристигна во Битола

Едвард Лакман пристигна во Битола. Годинашниот лауреат на Златна камера 300 за животно дело слета на скопскиот аеродром утринава.

Лакман беше пречекан од директорката на Фестивалот, Гена Теодосиевска, и Благоја Куновски – Доре.

Ед Лакман во Македонија Ед Лакман во Македонија Ед Лакман во Македонија Ед Лакман во Македонија

Лакман е задоволен што утревечер ќе му биде врачена наградата на фестивалот што ја слави работата на кинематограферите. Тој е љубопитен да ја запознае земјата во која доаѓа, поставува многу прашања за Македонија, го интересира политиката и животот на луѓето. Исто така е заинтересиран за историјата на фестивалот „Браќа Манаки“ и е среќен, како што рече, што е поканет оваа година кога се слави јубилејот.

Лакман е со децении во врвот на американските и светските кинематографери, со неколку филмови оскаровски кандидати, со 2 номинации за Оскар.

Ед Лакман во Македонија Ед Лакман во Македонија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19721 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.