Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Добитничката на „Голема ѕвезда“: Актерката Милица Стојанова на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

Добитничката на „Голема ѕвезда“: Актерката Милица Стојанова на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

Милица Стојанова присуствуваше на отворањето на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“.

Македонската актерка е лауретката на наградата „Голема Ѕвезда на македонскиот филм“, која ја доделува Друштвото на филмските професионалци на Македонија.

Браќа Манаки Браќа Манаки

„Годинава наградата ја доделуваме на една легендарна филмска актерка која се појавува во филмовите на Кирил Ценевски, Милчо Манчевски, Столе Попов. Може да ја видите во ‘Исправи се Делфина’, ‘Среќна нова 49’, ‘Пред дождот’, ‘Оловна бригада’, пред некоја година во ‘Три дена во септември’ на Даријан Пејовски и во краткиот филм ‘Види ја ти неа’, што доби награда на фестивалот во Санденс. Во 60-годишната професионална актерска кариера, 86-годишната Стојанова имала стотици театарски улоги, како и значаен број филмски и телевизиски, а најчесто играла лик на мајка“ – рече режисерот Игор Иванов-Изи, претседател на ДФПМ.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

За неа Иван Додовски пишува: „Подеднакво успешна и на театарската сцена и на филмското платно, нејзината игра е проткаена со најфините трепети на зборот, на мислата, а секој нејзин гест и движење извираат од големиот мисловен механизам со кој ја открива психолошката состојба на ликот. Затоа нејзината игра ни изгледа дека сака да го дофати невозможното, а всушност нè восхитува брилијантно остварувајќи го човечки можното. Милица Стојанова, повеќе од шест децении, низ морфологијата на сите културни и општествени контексти, вклучувајќи го и нашето несреќно транзициско време, со сите свои одиграни улоги, ни покажа како се носи најтешката судбина, како онаа на митската Касандра, осудена да ја кажува вистината за животот и за уметноста, која многумина не сакаат да ја слушнат и прифатат. Ете, такви вредности остава Милица Стојанова во македонската култура“.

Браќа Манаки Браќа Манаки

Наградата „Голема Ѕвезда на македонскиот филм“ досега ја имаат добиено Сајмон Пери, Кирил Ценевски, Милчо Манчевски и Дарко Марковиќ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20880 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.