Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Италијанската филмска дива Клаудија Кардинале со ќерка си на црвениот тепих на „Браќа Манаки“ во Битола

Италијанската филмска дива Клаудија Кардинале со ќерка си на црвениот тепих на „Браќа Манаки“ во Битола

Како добитничка на Специјалната Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност, Клаудија Кардинале присуствуваше на отворањето на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.

Пред да започне манифестацијата на која ѝ беше врачена посакуваната награда, 80-годишната актерка се појави на црвениот тепих заедно со својата ќерка Клаудија, а беше пречекана од директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Кадинале може да се пофали со импозантна 6-децениска филмска кариера со над 150 улоги. Дел од нејзините најпознати филмски проекти се „Once Upon a Time in the West“, „8½“, „The Leopard“, „The Pink Panther“, „The Professionals“ и „Girl with a Suitcase“. Таа е добитничка на над 35 награди и признанија.

Во младоста, Клаудија го присвои епитетот „секс симбол“ и неретко е прогласувана за една од 50-те најубави жени во историјата на филмот.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Величествената дива е одличен пример за достоинствено стареење. „Јас не ја разубавував својата старост и не правев ништо против брчките. Им се извинувам на многумина поради тоа“ – вели таа. Како поборник за нега на внатрешната убавина, таа е категорична дека ведрината и жедта за живот се најважни. „Мајка ми ми велеше: Клаудија, не можеме да ги видиме твоите брчки зашто секогаш си насмеана“ - изјави таа.

Браќа Манаки

Клаудија неуморно се бори за правата на жените. Од 2000 година, таа е Амбасадор на добрата волја на УНЕСКО за одбрана на женските права.

На втората фестивалска вечер ќе биде прикажан нејзиниот нов филм „Nobili bugie“ (Благородни лаги).

Браќа Манаки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19861 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.