Ралф Лорен беше почесен гостин на доделувањето на модните награди CFDA, каде нему му беше врачена наградата „Members Salute“ во чест на неговата долга и инспиративна кариера.
На свеченоста, 78-годишниот дизајнер беше придружуван од сопругата Рики.
Тие беа стилски координирани со бели кошули и црни сакоа.
Ралф и Рики можат да се пофалат со долг и среќен брак. Тие го изговорија судбносното „ДА“ пред 53 години, во декември 1964 година, а заедно имаат три деца.