По повод Денот на мајката, кој вчера се прославуваше во Британија, Дејвид Бекам сподели мила порака за својата сопруга.

Покрај фотографијата од четирите деца, поранешниот фудбалер напиша: „Пред 17 години го основавме нашето семејство, а овие малечки ја имаат најневеројатната мајка која ја сакаат многу... Јас ја сакам поради многу причини, но главната е тоа што таа ми ги подари најневеројатните деца... Среќен Ден на мајката, како што би рекле малите.“
На црно-белата фотографија, која Дејвид ја сподели на Instagram, позираат 4-годишната Харпер, 11-годишниот Круз, 13-годишниот Ромео и 17-годишниот Бруклин.
Дејвид редовно споделува фотографии од приватниот живот, на огромна радост на неговите фанови.





