Даниел Кајмакоски привлече комплименти од жирито и гласни аплаузи од публиката на „X Factor Adria“ со изведбата на хитот „Wake Me Up!“ од шведскиот диџеј и музички продуцент Авичи.
Бројните фанови на Даниел му подарија доволно гласови за да ја продолжи борбата за победа во музичкото шоу.
Покрај со впечатливите настапи на натпреварувачите, вечерва публиката се забавуваше и со два настапи на евровизиската победничка Лорин. Талентираната Швеѓанка, која во 2012 година победи на Евровизија, настапи со „My Heart Is Refusing Me“ и „Euphoria“.