Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Да живее филмот: Доделувањето на почесните награди на отворањето на „Браќа Манаки 2024“

Да живее филмот: Доделувањето на почесните награди на отворањето на „Браќа Манаки 2024“

Битола повторно стана центар на филмската уметност. Синоќа, започна јубилејното 45-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој секоја година обединува и наградува креативни и талентирани филмски работници.

На вчерашната манифестација, доделени беа четири почесни награди.

Браќа Манаки Браќа Манаки

Постхумно му беше доделена награда на еден од двајцата браќа во чија чест се одржува овој фестивал – Јанаки Манаки.

Директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски, ја врачи статуетката и појасни:

„Во 1996 година, само едниот од браќата Милтон Манаки добил почесна Златна камера 300 за животно дело, ние сега решивме да ја исправиме оваа неправда и затоа оваа година му доделуваме почесна Златна камера 300 за животно дело на неговиот брат Јанаки Манаки“.

Браќа Манаки Браќа Манаки

Наградата ја прими внукот на пионерот Манаки, Милтон.

„Фестивалот Браќа Манаки е уникатен фестивал, еден од малкуте фестивали кои ги слават кинематограферите. Голема чест, задоволство и благодарност е оваа награда што ја примаме ние семејството во име на Јанаки Манаки. Благодарам“ – гордо рече Милтон.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Наградата „Златна камера 300 за животно дело“ отиде во рацете на францускиот кинематографер со голема визија Бруно Делбонел.

Статуетката му беше доделена од премиерот Кристијан Мицковски.

„Ви благодарам, навистина не знам што да кажам. Кога Симеон ми се јави за наградата реков нема шанси, па не сум сè уште пензиониран. Навистина ми е чудно, сепак со оваа награда сакам да оддадам и почит кон сите кинематографери коишто ја имаат добиено оваа награда. И навистина сега тоа што сакам да го направам е да го вратам на киното, тоа што ми го даде мене“ – истакна Делбонел.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја додели наградата Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на истакнатата полска кинематограферка Јоланта Дилевска.

„Дами и господа, оваа награда е за мене и за сите полски кинематографери. Голема радост ми е и чест што ја примам оваа награда. Помислувам на сите режисери и филмски работници со коишто сум работела, оваа награда припаѓа на сите нас. Помислувам на Милтон и на Јанаки Манаки, затоа што нивната љубов кон камерата е причината зошто сум тука со вас. Ви благодарам на сите, благодарам Македонија за оваа награда и ви благодарам Милтон и Јанаки Манаки“ – рече во својот говор Дилевска.

Браќа Манаки Браќа Манаки

Наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“, за исклучителен придонес во македонската кинематографија, Друштвото на филмски работници оваа година му ја додели на Димитар Грбевски, македонски филмски и телевизиски монтажер.

„Денеска го славиме филмот, а филмот е Манаки, филмот се филмските работници кои го создадоа филмот македонски, внесувајќи многу награди. Да им посакаме на младите да го следат патот на филмските дејци кои по целиот свет освоија награди. И тие да се закитат со награди и да ја пласираат македонската култура низ целиот свет. Да живее филмот“ – рече Грбевски.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

На првиот ден, на филмското платно во Битола беше прикажан филмот „Партенопе“ режиран од Паоло Сорентино, а сниман со кинематограферката Дариа Д’ Антонио.

Фото: Ивона Кочов / Александар Василевски / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19760 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.