Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Гоца Тржан искрена за учењето на ќерка ѝ Лена: „Не ме интересираат нејзините оценки. Тоа е нејзина грижа“

Гоца Тржан искрена за учењето на ќерка ѝ Лена: „Не ме интересираат нејзините оценки. Тоа е нејзина грижа“

Гоца Тржан секогаш е искрена и гласна кога станува збор за мајчинството.

Таа пред неколку дена присуствуваше на отворањето на реновираниот Сава центар во Белград. На црвениот тепих, српската пејачка беше пресретната од фоторепортерите и новинарите кои ја искористија приликата за да поразговараат со неа.

Гоца Тржан Гоца Тржан

Меѓу другото, тие ја прашаа што ѝ порачала на ќерка си Лена на почетокот на третата година од средното образование.

„Што има јас да ѝ кажувам? Јас не сум жена на која ѝ се важни оценките. Само да биде нормална и да поминува како што треба. Во моментов им се скратени часовите затоа што во школите е толку жешко, што децата не можат да издржат во училниците.“

„Одличен ученик е. Но, и да е многу добра и добра, тоа е нејзина грижа, т.е. нејзин успех или неуспех“ – рекла Гоца.

Во неодамнешно интервју, Тржан зборуваше за денешниот начин на воспитување и за тоа дека родителите премногу им помагаат на децата наместо да ги остават сами да се изборат во животот.

„Толку многу им се подлизуваме на нашите деца, што тие немаат реална претстава за тоа колку знаат, бидејќи и во школо им се подлизуваат. Родителите доаѓаат во школото за да им објаснат на професорите дека нивното дете не заслужува тројка, туку четворка. Бидејќи неговото дете е најпаметно.“

„Секојпат кога ќерка ми ќе дојдеше кај мене со некаква приказна од училиште, јас ѝ велев: ‘Добро, ќе те сослушам, но не ме интересира. Избори се бе. Не ме интересира. Мислиш дека знаеш за четворка, а таа неправедно ти даде тројка? Најди начин да добиеш четворка. Или имај тројка. Чао’“ – рекла таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21016 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.