Изгледа дека Викторија не е единствениот член со музички талент во семејството Бекам.
Гордата мајка на четири деца сподели кратко видео на Instagram во кое најмалиот син Круз ја пее песната „Hope“ од Twista и Фејт Еванс. „Супер слаткиот Круз“ – напиша Викторија во описот на видеото кое за само неколку часа има повеќе од 200 илјади допаѓања на популарната социјална мрежа. Многу од фановите на поранешната членка на Spice Girls го нарекоа Круз „Мини Џастин Бибер“.
Дејвид Бекам и неговата 41-годишна сопруга често споделуваат фотографии од активностите на своите деца, 17-годишниот Бруклин, 13-годишниот Ромео, 11-годишниот Круз и 4-годишната Харпер. Погледнете дел од нив.