Викторија Бекам редовно споделува семејни моменти на социјалните мрежи.
Пред неколку часа, 44-годишната дизајнерка сподели видео во кое се прикрадува во собата на синот Круз и го снима додека тој пее. 13-годишното момче ја пее песната „Love Yourself“ од Џастин Бибер.
„Кога ќе се прикрадеш и Крус Бекам утрински си го загрева гласот“ – напиша таа.
Потоа, Викторија сподели уште едно, подолго видео на барање на нејзините фанови. „Вака изгледа будењето во домот на Бекамови!!! Можам да ја игнорирам неуредната соба кога Круз бекам звучи толку слатко!!!“ – напиша таа во описот.
Во текот на викендот, Викторија сподели фотографија со синот Круз, а потоа се пошегува со Дејвид кој не можеше да го стартува својот мотор.