Сè поголем е бројот на обожавателки кои го следат турскиот актер Бариш Ардуч на социјалните мрежи, а Македонките не се исклучок. Причината за милионската мрежа од фанови на Ардуч е неговото привлечно лице и мускулестото тело.




29-годишниот актер, кој кај нас привлекува внимание со улогата на Омер во серијата „Вљубениот ерген“, со причина беше прогласен за Маж на годината од турското издание на списанието „GQ“. Бариш е добитник на многу награди за Најдобар актер и е прогласен за Амбасадор на добрата волја од Друштвото за живот без рак на Турција.
Атрактивната турска ѕвезда е родена во Швајцарија во семејство на албански имигранти, но на 8-годишна возраст со семејството се сели во Турција, каде денес живее и работи. Првата телевизиска улога на Бариш е во емисијата „Küçük Hanımefendi“, а неговата прва филмска улога е во турската ТВ серија „Kiralık Aşk“.






На почетокот од оваа година, во интервју за „GQ“, тој откри дека има напишано свое филмско сценарио и дека наскоро планира да сними свој филм.
Хуманиот актер редовно поддржува иницијативи за борба против ракот кај децата и за заштита на уличните кучиња. На крајот од минатата година, пред Нова година, фондацијата на Ардуч овозможи оброци за 300 деца од Етиопија.














