Тригодишно девојче успеа да преживее 65 часа под урнатините по силниот земјотрес кој ја погоди Турција во петокот и однесе повеќе од 80 животи.
Спасувањето на малата Елиф Перинчек од Измир им го стопли срцето на милиони луѓе кои со насолзени очи ги следат настаните во Турција, давајќи им надеж дека можеби има уште преживеани.
Моќна фотографија на која малото девојче цврсто му го стега прстот на еден од пожарникарите стана хит на социјалните мрежи.
Погледнете видео од спасувањето:
How tightly she is holding rescuer’s handa href="https://twitter.com/hashtag/elifperin%C3%A7ek?src=hash&ref_src=twsrc%5Etfw">#elifperinçek #izmir https://t.co/zdz3cjm3A8
— Sabina Azimova | Karabakh is Azerbaijan (@iamkarabakh) November 2, 2020
Мајката, сестрата и двата браќа на Елиф беа спасени 23 часа по земјотресот. За жал, едното нејзино братче им подлегна на повредите.
Седум часа претходно беше спасена 14-годишната Идил Ширин, која поминала 58 часа под урнатините на зграда.
A 14-year-old girl has been rescued after surviving for 58 hours, trapped in a building that collapsed in Friday’s #earthquake that hit #Izmir, #Turkey.
— Rachael Ruble (@RachaelRuble) November 2, 2020
pic.twitter.com/1dDrs7rzJT
Спасувачките екипи вложуваат натчовечки напори за да пронајдат уште преживеани. Досега се спасени 106 лица.