Малата Ајда помина четири дена под урнатините на зграда во Измир, чекајќи го моментот кога ќе биде спасена. И тоа навистина се случи. Нејзиниот случај е доказ дека надежта секогаш треба да постои.
91 час по силниот земјотрес во Турција, четиригодишното девојче беше извлечено живо од спасувачите.
Видео
"Anne" #ayda pic.twitter.com/Cd9UEoaxy4
— Bi ceren Var (@vr_ceren) November 3, 2020
Ајда е 107-мата спасена личност. Таа во моментов е во болница од каде известија дека е во добра здравствена состојба и дека се очекува целосно да закрепне. За жал, мајката на девојчето не го преживеала земјотресот, додека нејзиниот татко и нејзиниот брат биле добро.
Вчера, светската јавност со радост ја дочека веста за спасувањето на 3-годишната Елиф, која помина 68 часа под урнатините.