Гласањето заврши – го имаме овогодишниот евровизиски победник.
Шведска со Лорин повторно триумфираше на музичкиот натпревар чие финале се одржа вечерва во Ливерпул.
39-годишната пејачка, која со песната „Tattoo“ освои најмногу поени и од интернационалните жирија, изби на врвот на финалната листа со 583 поени.

Второто место го зазеде Финска со 526 поени додека на трето место остана Израел со 362 поени.

Победничкиот настап
Лорин за првпат ја освои евровизиската публика во 2012 година, кога го освои трофејот со „Euphoria“.
Македонија годинава немаше свој претставник.
Проследете ја дискусијата на Фемина Форум: Евровизија 2023