Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Српскиот претставник со црна панделка на отворањето на Евровизија за жртвите во белградскиот масакр

Српскиот претставник со црна панделка на отворањето на Евровизија за жртвите во белградскиот масакр

Лук Блек присуствуваше на отворањето на најновото издание на Евровизија.

На тиркизниот тепих во Ливерпул, српскиот претставник зачекори во сина кошула, на која беше прикачена црна панделка во чест на настраданите во белградскиот масакр.

Лук Блек

Неговата евровизиска песна „Само ми се спава“, меѓу другото, зборува и за страотните трагедии со кои се соочува човештвото.

„Иако ја напишав песната плашејќи се од овие настани и гледајќи ги во светот, не можев ни да замислам дека тоа навистина ќе се случи во нашата земја, во нашите срца. Жал ми е што стана повистинито од порано. Ја слушнав веста пред да излезам на сцената за пробата и многу бев разбеснет. Иако Евровизија е среќно место, место каде што се слави различноста, колку и да се трудиме, не можеме да сокриеме колку ни е тешко. Се трудам да бидам максимално професионален. Мојот настап сега ќе го посветам на цела Србија, која страда неизмерно, како и на семејствата на починатите. Колку што можам да понудам, ќе ја дадам цела душа во мојот настап“ – изјави тој во интервју за nova.rs.

Лук Блек Лук Блек Лук Блек

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20851 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.