Како заштитно лице на Диор, Ријана си обезбеди свое место на ревијата на француската модна куќа, која се одржа во Калабасас, Калифорнија.
На модниот настан, 29-годишната музичка ѕвезда се појави во креации кои беа во склоп со новата колекција на врвниот бренд. Впечатливиот стајлинг на славната пејачка вклучуваше крзнено палто, шешир, фармерки, црни чизми и чанта од Диор, а воочлив елемент беше и нејзиниот накит.



На ревијата беше презентирана колекцијата „Cruise 2018“, инспирирана од античките пештерски цртежи.








