Вечерва во Лондон се одржува 70-тото по ред доделување на наградите BAFTA.
Меѓу холивудските ѕвезди беше и младиот кралски пар. Имено, војвотката Кетрин и принцот Вилијам со широки насмевки дефилираа на црвениот тепих во британската метропола.
35-годишната сопруга на принцот Вилијам му пркосеше на студот во гламурозен стајлинг во чиј центар застана црн фустан со цветен принт од Александар МекКвин.