Парови од три генерации на британското кралско семејство позираа за официјален портрет.
Војводата и војвотката од Кембриџ се фотографираа со принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, како и кралицата Елизабета Втора и принцот Филип.
На дипломатскиот банкет, 34-годишната сопруга на принцот Вилијам блескаше во црвен фустан од Џени Пекам. Кралскиот изглед на Кетрин го надополнуваше прекрасната тијара „Cambridge Lover’s Knot“, која ѝ беше омилена на принцезата Дијана.





Истиот црвен фустан Кетрин го носеше на државен банкет во Бакингемската палата минатата година.
