Бројни македонски артисти ги здружија силите и ја изведоа култната песна „Чукни во дрво“ од домашна изолација.
Влатко Стефановски, Калиопи, Тамара Тодевска, Весна Гиновска Илкова, Симон Трпчески, Андријана Јаневска, Ленче и Горан Кукиќ, Игор Џамбазов, Бени, Александар Митевски и Драган Спасов-Дац, Вера од Љубојна, Влатко Лозаноски, Пере од Нокаут, Миле Кузмановски и Васил Зафирчев ги соединија своите гласови и позитивни енергии во изведбата која беше снимена во организација на МРТ.
Свој придонес во проектот дадоа и Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во аранжман и под диригентска палка на Ерхан Шукри, Иван Кукиќ на бас гитара и Јан Стефановски на тапани.