Најголемата шведска компанија за природна козметика Орифлеим го издаде својот најнов, мајски каталог, на чија насловна страна за прв пат се најде ѕвезда од Македонија – единствената Викторија Лоба!
Викторија со својот препознатлив шарм и убавина стана заштитно лице на Орифлеим како дел од кампањата која има за цел да ја разбуди убавината и посебноста на секоја жена „Убава на свој начин”, а во новиот каталог ги промовира 10-те нови нијанси на кармини кои ќе ѝ помогнат на секоја жена да ја истакне и својата уникатна убавина.
Од нежна беж до темен пурпур, никогаш нијансите и боите не биле толку живи и интензивни како сега, и буквално секоја жена може да ја најде својата. Исто како и жените, нијансите на новите кармини варираат од тивки и нежни до впечатливи и храбри, а ги спојува едно нешто – квалитетот и уникатноста. Создадени со ChromaLoad Технологијата, овие револуционерни кармини нудат 8-часовна хидратација и оставаат лесен гел-крем финиш.
Новите кармини официјално се во продажба од 1 мај, а каталогот во електронска форма ќе биде достапен и на официјалната страна на Орифлеим https://mk.oriflame.com/, како и на фејсбук страната https://www.facebook.com/oriflamemacedonia/.
Орифлеим е веќе 22 години најдобриот пријател на македонските жени и како компанија силно верува во единствената убавина на секоја жена. Затоа оваа колекција на кармини наречена „The ONE” e дизајнирана за сите, а Викторија одлично ги претстави. Таа ги избра своите бои, а сега сите жени можат да ја обојат својата насмевка во нијансата која го оцртува нивниот карактер и да бидат убави на свој начин со кармините на Орифлеим. Месецот мај е идеален да го разгледате и да си одберете нешто од каталогот со производите на Орифлеим.
Во новиот каталог, покрај „The ONE” кармините, можат да се најдат сите производи достапни на нашиот пазар. Многу квалитетни природни производи, за секого по нешто!
Пролетта е совршеното време за секоја жена да ја истакне својата уникатна убавина.
Комерцијален текст