Дејвид и Викторија Бекам го прославија роденденот на малата ќеркичка Харпер. За 5-тиот роденден на слаткото девојче, славниот пар сподели фотографии и неодоливи пораки на Instagram.
„Среќен роденден на мојата Убава Дама. Во 5 години Харпер ни има донесено толку многу љубов во нашето семејство... Таа е многу специјално девојче на многу различни начини и ние сме среќни што го поминуваме секој ден со толку убава душа. Те обожаваме наше малечко девојче. Среќен роденден, те сака Тато“ – напиша славниот спортист на популарната социјална мрежа за споделување фотографии.

„Среќен роденден малечка. Те сакаме многу. Бакнежи од мама“ – пишува во описот на фотографијата на Викторија.

41-годишниот поранешен фудбалер има тетоважа посветена на својата сакана ќерка.
