Викторија Бекам е една од најуспешните модни дизајнерки за возрасни, но таа сега го проширува своето портфолио и во модната индустрија за деца.
42-годишната сопруга на Дејвид Бекам соработуваше со Target за да ја создаде својата прва детска колекција. За да го најави својот нов проект, Викторија сними забавна фотосесија со деца облечени во нејзините модели за априлското издание на InStyle.
Фотографиите се дело на Памела Хенсон.




Покрај детска облека, колекцијата „VBxTarget“ содржи и облека за жени.
„Навистина се насетува врската меѓу мене и Харпер. Забавна е, лесна, слатка и сето тоа. Многу искрена. Многу како мене“ – изјавила Бекам за колекцијата.

