Викторија Бекам го прифати „Вог предизвикот“ да одговори на 73 прашања. Во видеото на модната библија, 40-годишната дизајнерка шета низ својот нов бутик во Лондон и открива неколку интересни податоци за себе.
Иако признава дека го мрази прашањето „Зошто не се смееш?“, сепак таа дава одговор. „Се смеам внатре во себе. Чувствувам дека имам одговорност кон модната заедница“ – вели таа низ полу-насмевка.
Викторија споделува и дека „помалку е повеќе“ е најдобрата модна тајна која ја научила, дека обожава јапонска храна и дека верува во љубов на прв поглед.