Викторија Бекам присуствуваше на добротворен настан во Њујорк за собирање средства за истражувања за рак на дојка.
Како и обично, 42-годишната дизајнерка избра креација од својата најнова колекција. Комбинезонот со разголен грб ја откри избледената тетоважа, која беше посветена на нејзиниот сакан сопруг Дејвид.



Пред две години, Викторија одлучи ласерски да ги отстрани сите свои тетоважи. На грбот, таа на хебрејски јазик си ги имаше истетовирано зборовите „Ani l’dodi li va’ani lo haro’eh bashoshanim“, што во превод значи „Јас му припаѓам на мојот сакан и мојот сакан ми припаѓа мене“.

Ова не е единствената тетоважа што Викторија ја отстрани во изминатиот период. Таа ги „избриша“ и датумот кога со Дејвид ги обновија своите брачни завети, кој ѝ беше истетовиран на зглобот на раката, како и фразата „повторно од почеток“ напишана на латински јазик.






На розовиот тепих, Бекам позираше и со Леонард Лаудер, поранешниот CEO на козметичкиот бренд Estee Lauder, и Елизабет Харли.






Викторија и Дејвид стапија во брак во 1999 година и заедно имаат четири деца.
