Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Викторија Бекам во бел костум ја прими наградата Модна икона и одржа инспиративен говор

Викторија Бекам во бел костум ја прими наградата Модна икона и одржа инспиративен говор

Бројни ѕвезди од шоу-бизнисот синоќа се собраа во Санта Моника, Калифорнија, на доделувањето на People’s Choice наградите.

На црвениот тепих, Викторија Бекам зачекори во бел костум и свилена маица со чипка од нејзината колекција.

Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам

На 44-годишната дизајнерка ѝ припадна честа да ја прими наградата Модна икона за нејзиниот голем придонес во модната индустрија.

Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам

Во својот говор, Викторија им се заблагодари на сите храбри пожарникари што водат битка со огнената стихија во Калифорнија, а потоа им порача на сите да сонуваат големи соништа.

„Отсекогаш си велев себеси: ‘Сонувај големи соништа, а потоа сонувај уште поголеми’. Сакав на сите да им покажам дека ако можам јас да успеам, секој може. Она што можете да го постигнете е навистина безгранично ако... навистина, навистина го сакате“ – рече таа алудирајќи на песнатаод 1996 година „Wannabe“од Spice Girls.

„Пред многу години започнав да ја ширам пораката за женската моќ, а таа порака и сега е силна, но сега имам привилегија да ги инспирирам жените преку моите креации“ – додаде Викторија, пред да му се заблагодари на сопругот Дејвид Бекам и четирите деца што верувале во неа.

Видео

Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20841 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.