Џенифер Лопез изгледаше зашеметувачки убаво на сцената на American Idol, додека ја изведуваше својата нова песна „Feel the Light“.
45-годишната пејачка блескаше во раскошен бел фустан кој беше искористен како платно на кое беа проектирани магични сцени. „Многу е чудно за мене да не се движам“ – рекла Лопез за својот настап.
„Многу нешта го направија овој фустан посебен, да бидам поточна тоа е идеја која ја имавме долго време и го чекавме вистинскиот момент за да ја реализираме. Белиот фустан беше замисла која Џенифер ја имаше за изведбата, но додека ние работевме на музичкото видео за „Home“, зборувавме за тоа да го искористиме фустанот како платно на кое ќе проектираме ефекти и на кое можеме го прикажеме филмот, што е нешто што никогаш претходно не сум видела. Тоа изгледаше навистина посебно“ – изјавила дизајнерката на костимите на Џенифер, Мариел Хен.