Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Шегаџијата Виталиј ја нападна Ким Кардашијан во Париз

ВИДЕО: Шегаџијата Виталиј ја нападна Ким Кардашијан во Париз

Виталиј Седјук е познат натрапник на црвениот тепих, но неговите „шеги“ често се невкусни.

Новата жртва на прочуениот Украинец беше Ким Кардашијан. Додека телевизиската ѕвезда излегуваше од автомобилот, Виталиј ја нападна и се обиде да ја повлече на земја, но беше оттргнат од телохранителите.

Ким, Кание Вест и Крис Џенер се упатуваа на ревијата на Balmain во Париз кога Виталиј одлучи да се „пошегува“.

Подоцна Виталиј призна дека го предизвикал инцидентот. „Се надевам дека Ким е ОК и дека нема да ми биде лута, бидејќи немав намера да ја повредам. Кание е многу среќен маж затоа што Ким е божица!“ – изјавил Виталиј за E! News.

Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан

Ова не е првпат Виталиј физички да нападне славна личност. Во мај годинава тој го нападна Бред Пит на премиерата на „Maleficent“ и заврши на суд. Тогаш му беше забрането да присуствува на каква било холивудска свеченост. Наводно, нападот на Ким бил негов протест за пресудата.

За време на Канскиот филмски фестивал Виталиј се пикна под фустанот на Америка Ферера.

Кан Кан

Тоа се само две од неговите „шеги“ со холивудските ѕвезди.

Во февруари Виталиј му се нафрли на Леонардо Дикаприо и цврсто му ги прегрнуваше нозете додека не беше отстранет од црвениот тепих од обезбедувањето.

Претходно „жртва“ на Виталиј беше и Бредли Купер.

Кан

Во мај 2012 година, на премиерата на „Men in Black 3“ во Москва, Виталиј се обиде да го бакне Вил Смит в уста. Очигледно изнервиран од таквата постапка, Вил го турна премногу нападниот новинар и го плесна по образ пред камерите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18972 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.