Мoнс Зелмерлов ѝ ја донесе на Шведска победата на 60. издание на Евровизија.
28-годишниот пејач настапи на големата сцена во Виена со песната „Heroes“ и освои вкупно 365 поени, победувајќи ги останатите 26 финалисти.
Веднаш зад победничката земја застана Русија со освоени 303 поени, а третото место ѝ припадна на Италија, која освои 292 поени.


„Екстремно сум среќен. Сакам да ви се заблагодарам на сите што гласавте за мене и што ме поддржувавте“ – изјавил Монс по објавувањето на финалните резултати. „Сакам само да ви кажам дека сите ние сме херои, без разлика кој го сакаме, што сме и во што веруваме. Сите сме херои“ – додал тој.



Кончита Вурст му ја додели наградата на талентираниот Швеѓанец. Ова е шеста победа за Шведска во историјата на европскиот музички натпревар.
Погледнете ги настапите на најдобрите учесници:
Шведска (Heroes)
Русија (A Million Voices)
Италија (Grande Amore)
Наш претставник беше Даниел Кајмакоски, но не успеа да се пласира во финалето.
Гласовите на Македонија и Црна Гора беа дисквалификувани, бидејќи двете земји конечните поени ги доделија само според гласовите од публиката. По правило, поените кои ги доделуваат земјите учеснички треба да бидат определени 50% од гласовите од публиката и 50% од жири.