Пред малку официјално беше објавен спотот за песната „Autumn Leaves“ (Лисја есенски) со која Даниел Кајмакоски ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2015 во Виена.
Музиката и текстот на англиската верзија на песната ги потпишува Швеѓанецот Јоаким Персон, додека за аранжманот и продукцијата беше задолжен Роберт Билбилов.
Видеото не е класичен спот и прикажува љубовна приказна. Даниел изјавил дека цртежите покажуваат моменти од неговиот личен живот и дека оној цртеж на кој момче и девојка седат на клупа е негова приказна.
Даниел ќе настапи на првата полуфинална вечер на 60. издание на популарниот музички фестивал на 19 мај. Големото финале е закажано за 23 мај.