Деновиве се одржуваат пробите за музичкиот натпревар Евровизија.
На евровизиската сцена Даниел Кајмакоски настапува со „Autumn Leaves“ (Лисја есенски), а негови придружни вокали се членовите на групата MERJ. Даниел изјавил дека сè уште работат на финализирање на кореографијата.
Пробата на Македонија
Музиката и текстот на „Autumn Leaves“ ги потпишува Швеѓанецот Јоаким Персон, додека за аранжманот и продукцијата беше задолжен Роберт Билбилов.
Даниел ќе настапи на првата полуфинална вечер на 60. издание на популарниот музички фестивал на 19 мај.