Австралија ќе има свој претставник на ЕВРОвизија 2015. Не, не е грешка – Австралија.
По повод 60-годишнината на музичкиот натпревар и во духот на годинешната тема „Building Bridges“, организаторите одлучија да ја поканат Австралија да учествува во големото финале.
Годинава ќе се натпреваруваат вкупно 40 земји. На Австралија ќе ѝ биде дозволено да гласа во двете полуфиналиња и во големото финале. Доколку победи Австралија, следната година нема да биде домаќин на Евровизија, но ќе добие право повторно да учествува.
Наш претставник ќе биде Даниел Кајмакоски кој ќе настапи во првата полуфинална вечер.
Јубилејното издание на Евровизија ќе се одржи во Виена, Австрија. Двете полуфиналиња се закажани за 19 и 21 мај, додека финалето ќе се одржи на 23 мај 2015 година.