Шакира не дозволи да биде жртва на недолично однесување. Таа револтирано изреагира кога гостин се обиде да ја сними под краткиот фустан во ноќниот клуб LIV во Мајами.
47-годишната пејачка се качи на сцената за да танцува на своја песна, кога личност од публиката се обиде да направи недозволено видео со телефонот. Музичката ѕвезда се обиде да го предупреди да не го прави тоа, криејќи се со рацете.
Бидејќи снимањето не запрело, Шакира се симна од сцената.
Многумина ја поддржаа реакцијата на Шакира оставајќи коментари на интернет како: „Луѓето се грозни“, „Ова е навистина разочарувачко. Артистите заслужуваат почит и приватност, на сцената и надвор од неа. Важно е да се обезбеди безбедна околина за сите“ и „Шакира не може да ужива во танцувањето на сопствената песна. Банирајте ги овие мажи од клубовите“.
Шакира е мајка на две момчиња од врската со Жерар Пике. Тие беа заедно 11 година, а се разделија во 2022 година.